Шест олимпијци од Јужна Африка што освоија златен медал на игрите во Лондон, ќе добијат по една крава како награда, објави африканскиот дневник “Билд”. Според весникот, вредноста на кравите се проценува на околу 700 евра.
Подароците се донирани од страна на бизнисменот Jan Skanel, познат како„Jan Braai”, кој ги покани сите јужноафриканци на скара (braai) на 24 септември, денот кој е посветен на одбележувањето на културното наследство во Јужноафриканската Република.
Освојувачите на златен медал на Олимпијадата во Лондон, во веслање во лесна категорија за мажи без кормилар, Џејмс Томпсон, Метју Бритин, Џон Смит и Сизве Ндлову имаат право на една крава или еквивалентена количина месо.
Сизве Ндлову одбра за подарок да добие жива крава, која ќе биде сместена на фарма која ја поседува негов пријател. Неговиот колега, пак, Метју Бритин, својата крава ќе ја даде на чичко му, кој исто така има фарма, додека останатите двајца спортисти избраа за подарок да добијат месо и сувомеснати производи.
Светската рекордерка Камерон Ван дер Бург, олимписки победник на 100 метри градно, одбра 140 килограми месо, кое го подари на сиропиталиште кое се наоѓа во Алехандра, место лоцирано во Јохансбург. Освојувачот на златниот медал на 200 метри пеперутка, Чад Ле Крос, се уште не знае што од понудените подароци да одбере.