Пред два дена, седницата на Обединетите нации била посветена на контролата на времето, хемиските отрови, опрашувањето и сето тоа што владите на овој свет со години не го признаваат и јавно зборуваат дека хемиските отрови се теорија на заговор за која нема докази.
Навистина е неверојатно тоа што ОН на својата седница расправале за хемикалиите кои авионите ги испуштаат над сите нас.
Наведено било дека тоа се експерименти на приватните компании и светските влади. Тврдат дека целта е контрола и измена на времето за да се заштити земјоделството и посевите поради глобалното затоплување, кое е голема лага на која се вртат милијарди на даноци за јаглерод диоксид. Сега јавно зборувале дека авионите навистина ги менуваат климатските услови преку хемиски супстанци кои се испуштаат во воздухот.
Само не е јасно кој им дозволил на приватните компании и светските влади да вршат свои експерименти над човештвото.
Со години ги уверувале луѓето дека не гледаат добро, дека траги на небото не постојат, дека тоа се регуларни авиони и кондензациски гасови од истите. Со години зборувале дека нема запрашување, дека тоа се теории на заговор, и што е најлошо од се’, успеале да излажат добар дел од луѓето.
Теоријата за хемиските отрови била дискредитирана па така денес постојат луѓе кои и покрај сите докази се’ уште зборуваат дека тоа е теорија на заговор, дека тоа не е вистина.