ОН: Сите летови на патничките авиони ќе бидат следени со сателит


Учесниците на Конференцијата на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ), што се одржува во Женева, денеска постигнаа договор во иднина сите летови на патничките авиони да бидат следени со сателит, соопштија ОН.

Директорот на ИТУ, Франсоа Ранси нагласи дека е договорно сите летови ширум светот да бидат следени во реално време, со цел да се спречи нивно евентуално исчезнување.avion isceznat

Ваквата одлука е мотивирана од мистериозното исчезнување на авионот на „Малезија Ерлејнс“ на летот од Куала Лумпар до Пекинг минатата година, на кој му се загуби секаков траг набрзо по полетувањето.

Со новата одлука државите се согласија да обезбедат посебна радиофреквенција во опсег од 1.087,7 до 1.092,3 негахреци, на која авионите во лет нема да се следат само од Земја, туку и преку сателити.

На овој начин ќе се создаде можност сигналите што авионите ги испраќаат до радарите на Земјата, да бидат регистирани и од сателитите во земјината орбита.

Меѓународната организација за цивилното воздухопловство (ИЦАО), од своја страна, изрази поддршка на ваквата иницијатива, но нагласи дека при тоа мора да се води сметка да не бидат загрозени актуелните безебедонси мерки на авиолетовите.

Мистериозното исчезнување на малезискиот авион „Боинг 777“ на летот МХ370 од Куала Лумпур до Пекинг во март 2014 во водите на Индискиот Океан, според експертите, ги покажало слабостите на актуелниот глобален воздухопловен навигацски систем, поради што се потребни преземање нови мерки.

Потрагата по авионот на „Малезија Ерлајсн“ безуспешно траеше повеќе од една година се до јули годинава, кога до бреговите на островот Реунион на другиот крај на Индискиот Океан допловија делови од леталото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1