Опа-иха и 500 евра покуси – колку чини матурска


Матурантите се во еуфорија, ги прават последните подготовки, аутфитот веќе е спремен и со нетрпение очекуваат да ја прослават долгоочекуваната матура. Девојчињата растрчани по продавниците и шивачниците да ги купат и скројат своите фустани, фризурата и шминката е одамна закажана, а момчињата ги одбираат костумите, кошулите и вратоврските.

maturskaСепак, родителите се оние кои претпазливо ја следат еуфоријата и возбудата од матурската ноќ. Тие единствено кројат планови како најевтино да поминат и како да ги распределат парите, бидејќи за многу од нив, месецот мај е најскапиот месец во годината. Тие за најлудата” ноќ на своите деца треба да одвојат најмалку 25 илјади денари, да ја платат облеката, фризурите и сите пропратни работи кои се потребни, како и да прослават со пријателите во нивниот дом.

Оние со малку подлабок џеб се одлучуваат матурската прослава да ја организираат во некои од скопските ресторани, па така, матурската вечер на своето дете би ги чинела околу 1.000 евра.

Цените по продавниците се различни. Цената на “коктел фустанчињата” се движи од 3.000 нагоре. Машките костуми се од 10.000 денари нагоре. Обувките чинат над 2.000 денари. Брендираната роба, пак, е три пати поскапа. Се разбира, заедно со облеката оди и козметичко-фризерскиот третман, кој во пакет чини над 1.500 денари.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1