Опасна игра да се дојде до пари: Kосово ќе ја тужи Србија за геноцид и ќе бара оштета


Хашим Тачи во интервју за Агенцијата Анадола, изјавил дека постојат докази за Србија која во текот  на 1998-99 година направила геноцид на Косово и дека за тоа ќе одговара пред меѓународниот суд на правдата.

Претседателот на косовската влада и министер за надворешни работи, Хашим Тачи изјавил веднаш по посетата на Турција, дека Србија во војната 1999 година направила геноцид, и дека според тоа Косово ќе ја тужи Србија.

TACI

„Зборуваме и работиме на тоа. Србија дефинитивно направила геноцид на Косово. Имаме докази за тоа, имаме изјави за тоа и цел свет го знае тоа“, изјавил Тачи додавајќи дека Косово ќе поднесе барање до меѓународниот суд за правда по разгледување на внатрешните и меѓународни околности.

Единствен проблем на спореведувањето на одлуката на Тачи е тоа што Косово не е членка на Обединетите нации.

Хашим Тачи тврди дека денешните југословенски вооружени сили убиле повеќе од 10.000 косовски Албанци, додека 1.700 се водат како исчезнати.

По повод масовното иселување на луѓето од Косово, Тачи негира дека избегале толку луѓе и додава дека тоа е случај и со сите околни региони како што се Македонија, Албанија, Црна Гора…

Изјавата на вицепремиерот и шефот на дипломатијата на Косово, Хашим Тачи, дека Косово ќе ја тужи Србија за воена оштета и геноцид е опасна идеја која покажува на намерата на представникот на привремените институции во Приштина да избегнат продолжување на бриселските разговори, изјави денеска министерот за труд на Србија, Александар Вулин.

Според него, не може истовремено да се покрене тужба за геноцид против Србија и да се продолжат разговорите во Брисел. ­Тие работи се исклучуваат една од друга. Тужбата за геноцид и преговорите се исклучуваат едно со друго, вели тој. Вулин истакна и дека владата во Приштина одлучила да не учествува во бриселскиот дијалг додека Србија е посветена на тој дијалог но не е спремна да биде малтретирана, понижувана и мирно да прати што ќе направат институциите во Приштина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1