Трудница починала по царски рез, ја искасапиле – Докторите се фалат за завршената работа


Цели три месеци Соња Миладиновиќ од Чуприја, Србија се борела за живот по тешкото породување со царски рез кое и било направено во локалната гинеколошка болница. Иако успеала да го роди своето трето дете Лена, лекарите не успеале да и го спасат животот. Таа починала пред 4 дена на урегнетната клиника во Белград.sonju-spasavali-(1_620x0

Нејзината тажна приказна започнала на 17 ноември кога дошла да се пораѓа во болницата во својот град. И третото како и претходните две деца го раѓала со царски рез. Но операцијата се искомплицирала. Почнала да крвари и лекарите морале да и ја извадат и матката и јајниците поради внатрешно крварење.

Но проблемите не завршиле. Уште наредниот ден таа добила инфекција по што била префрлена како итен случај во Белград, а се востановило дека повредена и била и бешиката и уште неколку други внатрешни органи.IMG_216155

Во период од 3 месеци, лекарите и направиле десетина операции за санирање на внатрешните рани, реконструкција на цревата и бешиката. Во два наврати била во клиничка смрт и по што ја реанимирале, но на крајот, не успеале да и го спасат животот.

Докторскиот тим во Белград за смртта директно ги обвинува своите колеги во Чуприја поарди бројни лекарски грешки. Тие пак се правдаат дека работеле маестрално.Sonja-sa-suprugom-i-sinom-620x350

Сопругот на починатата жена најавува тужба. Тој вели дека таа починала од сепса.

,, Отиде здрава на закажаниот царски рез, ми ја искасапија жената и на крајот не успеа да се избори, вели сопругот кој остана сам со 3 дечиња.

36 годишната Соња Миладиновиќ покрај 3 месечната ќерка и сопругот ги остави и своите синови на возраст од 5 и 13 години

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1