Oпрема на иднината: Непобедливите војници на Путин ќе бидат невидливи


Руската верзија на опремата за војници наречена “воин” би можела во текот на наредниот месец да влезе во составот на вооружување на руската армија, најавил Дмитриј Рогожин, заменик премиерот на Русија.

nevidljivi vojniciРогожин соопштил дека “тестирањето на најсовремената технологија е практично завршено, но постојат мали замерки во врска со огненото оружје, кои во скоро време ќе бидат отстранети”.

“Целиот комплет по своите карактеристики ја надминува сличната опрема на НАТО и ние стоиме позади тој факт” – порачал вицепремиерот.

Оваа нова опрема за руските војници на иднината, опфаќа 40 модернизирани или нови елементи на вооружување, лична опрема и средства за заштита. Основата ја сочинува оделото од арамидни влакна, кои имаат најмала можна маса, но обезбедуваат максимална можна заштита и му овозможува на тој што ја носи да остане неповреден во случај на изложеност на директен оган или шрапнели од бомби.

Дури постојат штитници за вратот, лактовите, зглобовите и колената. Специјалниот повеќеслоен шлем и панцирот со керамички плочки се отпорни на куршумите на познатиот “Калашњиков” и автоматската пушка SVD.

nevidljivi vojnici1

Новиот комплет, кој заштитува 90% од човечкото тело, е конструиран да “дише”, што значи дека пропушта воздух, но спречува создавање на влага, па затоа војникот би можел без прекин да ја носи оваа опрема на себе цели 48 часа. Постои и зимска верзија која обезбедува додатна топлина.

Овој комплет исто така ги одбива и ултравиолетовите и инфрацрвените зраци, па затоа војникот е невидлив на нишанењето со топлотно следење. Освен тоа, во вонредни ситуации, војникот може да ја отстрани од себе целата опрема за неколку секунди. Полесна е од другите видови на опрема кои ги поседуваат останатите земји бидејќи основната верзија тежи 10, а целокупната тежи 20 килограми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1