Орбан до новинарите: Одговорите околу статусот на Груевски барајте ги кај адвокатите


Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, гo упати новинарoт од унгарската телевизија „24“ одговор на прашањето околу азилот на Никола Груевски да бара кај правните експерти.

„Тоа е правно прашање, одговорот побарајте го кај адвокатите“, одговори Орбан запрашан да ги објасни основите на Груевски за престојот во Унгарија, односно зошто не е во транзитната зона за време на неговото барање за азил.

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што побарал и азил, не прецизирајќи во која држава се наоѓа амбасадата. Гергери изјави дека Никола Груевски легално ја поминал границата и тоа со лична карта, заклучувајќи дека низ Балканот се патува и со лични карти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1