Орландо Блум од Гевгелија испрати воз со мигранти кој тргна кон Табановце


Познатиот англиски актер Орландо Блум, во улога на амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, денеска го посети прифатниот камп на мигрантите во Гевгелија.

Foto - Kurir.mk

Foto – Kurir.mk

По неговото пристигнување во Гевгелија, Блум во прифатниот камп времето го мина во разговор со мигрантите од кои инсистираше да му говорат за проблемите што ги натерале да бегаат од своите земји, за начинот на кој патуваат како и за односот кон нив и приемот во земјите низ кои транзитираат. Сепак, најмногу се интересираше за децата кои со своите родители минуваат тежок пат до саканата дестинација, јави дописникот на МИА.

Foto - Kurir.mk

Foto – Kurir.mk

За време на престојот во Гевгелија, познатиот англиски актер Блум искористи момент да испрати еден специјален воз со мигранти кој тргна од платформата во прифатниот камп кон Табановце.

УНИЦЕФ го поздрави зголемувањето на обврските од страна на европските лидери за поддршка на бегалците и мигрантите – обврски што сега треба да покренат итна акција од страна на сите земји-членки на ЕУ за целосна заштита децата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1