Сноуден ОТВОРИ НАЛОГ на Твитер: За неколку часа ПОЛА МИЛИОН ЛУЃЕ ГО СЛЕДАТ


Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден отвори налог на популарната социјална мрежа Твитер.500888888

Како што објави телевизијата „Раша Тудеј“, првата објава на Сноуден на Твитер гласела: „Дали можете да ме слушнете сега?“.

Според телевизијата, за кусо време Сноуден собрал повеќе од 400.000 следбеници и нивниот број „расте од минута во минута“.6545000000Untitled-2

Интересно е дека Сноуден за кој има потерница од американските истражни органи, следи само еден акаунт, а тоа е токму агенцијата за која работеше – NSA.

Сноуден стана познат откако ја обелодени тајната програма на НСА за масовно прислушување ширум светот, по што побегна од САД и сега живее во Русија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1