Познатиот холивудски актер Орландо Блум вчера бил во Скопје. Според фотографијата поставена на социјалната мрежа Фејсбук, актерот бил гостин во познат скопски ресторан во центарот на градот.
Денеска јавноста и медиумите беа изненадени од посетата на Блум на бегалскиот камп во Гевгелија, за што немаше никаква најава од него ниту од неговиот тим, а исто така и за посетата на Скопје, а се претпоставува дека причината е хуманитарниот карактер на истата.