Иницијалниот одбор за формирање на Партијата на Македонците во Србија во средата до надлежните институции достави комплетната документација со над 1.000 заврени потписи за регистрирање на партија.
Првата задача на партијата ќе биде учество на претстојните парламентарни избори во Србија со цел афирмација на македонското национално малцинство кое до сега не беше адекватно застапено во политичкиот живот во Србија и немаше свои претставници во извршната власт, се вели во соопштението.
Основачкото собрание на Партијата на Македонците во Србија се одржа во неделата на 17-ти јануари во хотелот „Москва“ во Белград.
Во програмата на партија е наведено дека таа ќе се залага за сочувување и развој на пријателските односи на Србија и Македонија, заштита на интересите на македонското малцинство во Србија, негувањето на културата, традицијата, историјата и јазикот, како и проширување на економската соработка помеѓу двете земји.