Основана е нова партија на Македонците во Србија


Иницијалниот одбор за формирање на Партијата на Македонците во Србија во средата до надлежните институции достави комплетната документација со над 1.000 заврени потписи за регистрирање на партија.partija makedonci srbija

Првата задача на партијата ќе биде учество на претстојните парламентарни избори во Србија со цел афирмација на македонското национално малцинство кое до сега не беше адекватно застапено во политичкиот живот во Србија и немаше свои претставници во извршната власт, се вели во соопштението.

Основачкото собрание на Партијата на Македонците во Србија се одржа во неделата на 17-ти јануари во хотелот „Москва“ во Белград.

Во  програмата на партија е наведено дека таа ќе се залага за сочувување и развој на пријателските односи на Србија и Македонија, заштита на интересите на македонското малцинство во Србија, негувањето на културата, традицијата, историјата и јазикот, како и проширување на економската соработка помеѓу двете земји.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1