Оставате цигари – купете нова облека – ќе се здебелите 5 кг


Веќе во првата година можно е да бидете потешки за 4 до 5 килограми, што е значително повеќе од досегашните научни тврдења. Според француско-британскиот тим експерти најголемиот удар за телото е во првите три месеци.

Откажувањето од цигарите води до здебелување – вистина или заблуда?

Проблематика погледната од  неколку аспекти :

1. Луѓе што се откажале и сега мака мачат со своите зголемени килограми, (и тоа како се уверени во ова непишано правило).

2. Активни пушачи убедени во својата остроумност и упорност –  сметаат дека доколку би се откажале ќе ја задржат својата тежина.

3. Луѓе што се плашат да се откажат од цигарите.

4. Секако научните истражувања – а најновото вели ако планирате да се откажете од цигарите почнете да купувате нова облека. Веќе во првата година можно е да бидете потешки за 4 до 5 килограми, што е значително повеќе од досегашните научни тврдења. Според француско-британскиот тим експерти најголемиот удар за телото е во првите три месеци.

Доколку не се користи „постпушачка“ терапија, уште во текот на првиот месец вагата ќе покаже зголемување за 1,1 килограм, вториот, 2,3, а со крајот на третиот месец доаѓаат дополнителни 2,9 килограми.

Според досегашните научни сознанија никотинот го намалува апетитот и го забрзува метаболизмот, што би било најлогично објаснување за дебелеењето откако ќе се остават цигарите. Сепак во зависност од организмот постојат огромни варијации велат експертите.

Околу 16 насто од оние што ги откажале цигарите дури и ја намалите својата тежина, од друга страна околу 13 проценти несреќни апстиненти во првата година се „поправиле“ за 10 килограми.

Последново колку и да звучи лошо сепак е подобар избор од пушењето цигари. Статистиката вели цигарите убиваат 5,21 милиони луѓе годишно, што е повеќе од ХИВ/СИДА, маларијата и туберколозата заедно.

Од друга страна во светот поради вишок килограми умираат 2,8 милиони луѓе. Повеќе од јасно е дека и дебелината е глобален проблем, според најновите истражувања „потешките“лица не му штетат само на своето здравје, туку со своите прехранбени навики ја загрозуваат егзистенцијата на светот.

Tags: , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1