Бетмен може да лета, но ќе се утепа уште на слетување – откриваат физичарите


Бетмен со помош на своето одело може да лета од високи згради и облакодери, но сепак кога би слетувал веројатно би умрел, докажале британски студенти по физика.

Во своите пресметки младите физичари ја анализирале ефикасноста на оделото долго 4,69 метри, со кое се служи познатиот херој “Бетмен“. Резултатите од истражувањето спроведено на Универзитетот во Лајкастер покажале дека начинот со кој Бетмен лета воопшто не е сигурен. Но, студентите тврдат дека доколку облеката на Бетмен е подолга, летањето на измислениот јунак би можело да функционира.

Еден од младите физичари, Дејвид Маршал, тврди дека нивната анализа покажа дека Бетмен може да лета прилично добро и далеку.
„Би можел да лета на растојание двојно подалеку од висината од која скока, но сепак на целта би се движел со брзина од околу 80,5 километри на час што е премногу брзо за безбедно слетување и веројатно ќе заврши срамнет со земја “, изјавил Маршал.

Во филмот “Batman Begins”од 2005 година костимот на легендарниот јунак се стврднува кога низ него ке помине струја. Според студентите ова паѓање е слично на техниката со која се користат таканаречените „вингсут џампери“.
Сепак, доколку се зголеми распонот на крилјата и доколку ги земе пропорциите на параглајдер, можеби „Бетмен“ навистина би можел да лета.  За своето истражување од професорот по физика Дејвид Маршал, Том Хендс, Иан Даглас и Герет Грифитс, добиле одлична оцена.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1