СДСМ едногласно донесе одлука претседателот на партијата Зоран Заев и премиер на државата да ја одложи оставката на неодредено време. Ова вечерва го соопшти Перо Костадинов, претседавач на Централниот одбор на СДСМ, по завршувањето седниците на Централниот и Извршниот одбор на партијата.
-Не треба да потенцирам дека државата после многу години режим продолжува и се гради на европските вредности, на вистинските слободарски вредности. Ова е слободна земја во којашто принципите на единството, принципите на соживотот се клучна наша водилка и затоа СДСМ се исправува на висина на таа задача и наредниот период ќе работи исклучиво во интересите на граѓаните и на можноста којашто е исправена пред нас, државата да западне во нова криза и да биде ставена во некој ретроградни процеси, рече Костадинов.