Шефот на службата за безбедност во американскиот Стејт департмент и еден од неговите заменици поднесоа оставка по претставувањето на извештајот за безбедноста во дипломатската мисија во Бенгази.
Ерик Бозуел, помошник-државен секретар за дипломатска безбедност и Шарлин Лам заменик-секретар задолжена за безбедноста на амбасадите поднесоа оставка под притиокот по објавувањето на извештајот.
Во извештајот се наведува дека имало системски грешки на одговорните за безбедноста на дипломатската мисија во Бенгази.
Миа