По 55 години по убиството на седумгодишното девојче Марија Ридалф, Џек Даниел Мекалоу, можеби и ќе се извлечеше од истото, да не го накодошела неговата мајка на смртната постела, која не можејаќи да ја понесе тајната со себе во гроб и ја пренела ваквата информација на нејзината ќерка.
Марија исчезнала додека си играла во снегот на улицата пред нејзиниот двор од куќата во Илионис.
Тогаш Џек имал само 17 години и бил познат под името Џон Тесије, и имал плава коса и реп. Успеал да го излаже малото девојче дека ќе го носи на игранка, но наместо тоа ја однел во непознат правец. Џек работел и како полицаец и вели дека е невин за целиот случај и дека истиот му бил наместен од страна на полицајците и обвинителството. Џек кој денес има 73 години, бил испрашан веднаш по исчезнувањето на Марија, но никогаш не бил осомничен поради тоа што имал совршено алиби. Неговите родители го оправдале велејќи дека во тој период Џек бил надвор од градот и се пријавувал во војска.
Неговата најмлада сестра која во периодот на киднапирањето била само бебенце, ја повикала полицијата откако ја ислушала нејзината мајка на смртната постела како и говори дека Џон го извршил убиството.
„Џон го направи тоа и ти тоа мораш да го пренесеш на некого“, и рекла нејзината мајка.
Џенет додала дека нејзината мајка била возбудена и вознемирена и дека ја прогонувала чуството на вина.
Кога полицијата го отворила повторно случајот, пронашла дупка во алибито на Џек, а истовремено и фотографија која што ја направиа Кет Сигман Чепмен, која судбоносниот ден си играла со Марија и го снимила и Џек.
Ваквиот случај бил пратен и од страна на претседателот на САД. Случајот на кој што работеле десетици агенти на ФБИ се случил недалеку од градот Чикаго, а директорот на ФБИ Џеј Едгар Хувер, барал редовен извештај за напредокот во истрагата, по што редовно го известувал претседателот Двајт Ајзенхауер.