38-годишната актерка зачекори кон олтарот заедно со своите највозрасни деца – Медокс и Пакс. Среќната невеста носеше фустан од модната куќа Версаче. Белата венчаница е уникатна и ја отсликува креативноста на децата на Џоли и Пит. Имено, кројачот Луиџи Маси рачно ги декорирал венчаницата и велот со цртежи од рацете на Медокс, Пакс, Захара, Вивиен, Шило и Нокс.
Шило и Нокс биле задолжени за бурмите, a Захара и Вивиен фрлале по патеката цветови собрани од семејната градина. Свадбената торта била направена со љубов од нивниот син Пакс.