Генералот Ратко Младиќ никогаш не ја преболел смртта на неговата ќерка Ана која била убиена во средината на деведесеттите во Белград.
Ана била студент на Медицинскиот факултет во Белград и сонувала да биде лекар.
Младиќ забележал дека неговата ќерка се однесува чудно откако се вратила од апсловентската екскурзија во Москва и дознал дека таму имала афера со некој Србин.
Откако таа била убиена, иако официјалните податоци биле дека се самоубила, Ратко испратил свои луѓе во Москва и виновникот бил ликвидиран како освета за неговата ќерка која тогаш имала само 24 години.