Сите полетувања и слетувања на скопскиот аеродром „Александар Велики“ утринава се откажани поради магла.
Според информациите на веб страницата на аеродромот, предвидените полетувања до пладне се откажани, а дел од слетувањата во раните утрински часови се пренасочени кон аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
На патиштата низ државата сообраќајот се одвива со намалена видливост до 50 метри на патните правци Велес-Скопје, Велес-Штип, Катланово-Велес, Тетово, Македонски Брод, Срамзалино, Павлешенци, Кочани, Делчево и Струмица.