Откриен лек против рак


Нов лек што може да предизвика револуција во борбата против ракот, е создаден од тим на австралиски научници.

cancerНовиот препарат влијае врз протеинот тропомиозин задолжен за клеточна структура, додека моментално користените лекови го осиромашуваат аналогниот протеин – актин, коментира шефот на истражувањето професор Питер Генинг од Универзитетот на Нов Јужен Велс.

„Нашиот препарат ја уништува структурата на клетките на ракот, при тоа, процесот се одвива брзо”, појаснува научникот и додава дека здравите клетки остануваат незасегнати.

Според зборовите на професорот Генинг извршените испитувања покажуваат дека лекот делува против сите видови малигни тумори.

Додека стигнат до убиецот на туморот сепак научниците од австралискиот универзитет создале 25 илјади варијанти, но само еден од нив дал неверојатни резултати.

Следната година почнуваат тестови на лекот врз луѓе, ако се покаже ефикасен ќе биде пуштен во продажба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1