Австралиски истражувачи биле вчудоневидени по откривањето на лекот – мед кој што се продавал во продавниците како природен лек.
Истражувањето покажало дека медот ги убива сите видови на бактерии, вклучително и оние отпорните на антибиотици и поради кои болниците се преполни со пациени.
Некои бактерии се отпорни на сите антибактериски лекови, но научниците откриле дека Манука мед, како што е познат во Нов Зеланд или желе-грмушка мед, како што е познат во Австралија, ги убива сите врсти на бактерии или патогени на кои што биле тестирани.
Се нанесува надворешно и делува на инфекции на кожата, гризнувања и исекотини. Медот е карактеристичен по тоа што доаѓа исклучиво од пчелите кои се хранат со чајно дрво, кој го има во Австралија и Нов Зеланд, изјави Ди Картер од Универзитетот во Сиднеј за молекуларна и Микробиолошка наука.
Наодите можат да имаат големо влијание врз модерната медицина и може да доведе до зголемување на производството, на ваков мед кој би можел да го замени антибиотикот и антисептичките креми.
Двете деца на професорот Картер Марти (8) и Ники (6), објаснува за тоа како мајка им, им става мед на нивните рани и се вудоневидува на кој начин, истиот лесно и брзо ги лечи инфекциите и раните.
„Медот како мед звучи многу домашно и ненаучно истретиран, затоа е потребно науката да ги провери ваквите тврдења“, вели Картер.
Лекуањето со лек не е нова вештина, таа е позната во домородните култури уште пред 1000 години, а нанесувањето на мед на раните бил вообичен метод на лечење пред да се измислат антибиотиците.
„Повеќето бактерии кои предизвикуваат инфекции, во болниците се отпорни на барем еден антибиотик и постои итна потреба за нови начини за лекување и контрола на инфекциите“, вели Картер.
„Новите антибиотици имаат тенденција да имаат краток рок на постоење, поради тоа што бактериите стануваа отпорни на истите. Голем број на фармацевтски компании ги имаат напуштено антибиотиците поради тешкотиите истите да ги произведат, односно да ги наплатат трошоците за нивното производство. Развивањето на ефективните алтернативи, би можело да спаси голем број на животи“, додава Картер.
Професорот изјави дека е фасцинантно тоа што сите бактерии, кои што биле тестирани на медот, не успеале да се развиваат и биле уништени вклучително и супербагс, бактерија која го јаде месото.