Откриен најстариот храм во светот (Видео/Фото)


 

Археолозите откриле древен град, за кој тврдат дека е настариот религиски храм во светот.

Во објектот пронајден во градот Гјубекли, Турција пронајдени се вулкански предмети, а вулкан наоколу нема никаде.

Објектот има дваесетина гравирани камени плочи, а се претпоставува дека датира уште од времето на неолитот, пред околу 11.500 години,

Професор Клаус Шмит, кој ги води ископувањата смета дека ова храм постар дури и од градовите. Тие ги дале на испитување пронајдените острици.

Тристан Картер, археолог од Универзитетот „Макмастер” во Канада испитал околу стотина острици од обсидијан (црна вулканска карпа која наликува на стакло), а во околината нема вулкан,. Познато е и дека овој вулкански материјал имал религиски и симболични значења.

Карпите ги испитувале под јонски зраци во Центарот за истражување и реставрација на музеите во Франција, а потоа и под флуоресцентно зрачење во Канада, се со цел да се направи споредба со хемискиот состав на карпите од најблиските вулкани за да се открие од каде потекнуваат.

Запрепастени биле кога откриле дека пронајдените карпи потекнуваат од вулкани кои се оддалечени стотици километри од местото каде се најдени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1