Полицијата го откри лицето кое на 9-ти месецов нападна двајца новинари на Алфа телевизија.
Станува збор за 25-годишниот В.А. кој грубо ги навредувал новинарите и им го одземел снимениот материјал пред хотелот „8“.
Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирањена случајот против истиот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “насилство”.