Откриена бактерија која живее без светло и кислород (Видео)


 

Американските истражувачи објавија дека откриле бактерија која живее во солената вода во езерото Вида кое се наоѓа во Антарктикот. Таа опстоила без светлина и кислород, во крајно неповолни услови.

Истражувачите сметаат дека истата ваква бактерија може да опстане и во друг Сончев систем, каде што има слични услови. Во езерото Вида има високи концентрации на амонијак, азот, водород, сулфур, нитрат и азотен оксид. Откриените микроби кои што се пронајдени живеат на 20 метри под мразот, во водата чија соленост е поголема за 20%, а температурата достигнува до -13 степени целзиусови.
„Открието на овој екосистем ни посочува дека ваквата бактерија може да ја има и на други ледени и изолирани средини на Земјата, а можеби и на други планети прекриени со лед, кој под себе затскрива наслаги на сол и океани, нешто слично како Европа, месецот на Јупитер“, изјаил Натаниел Остром, зоолог од Универзитетот во Мичиген и коавтор на трудовите објавени во аналите Американсакта академија за наука од 26 до 30 ноември.


Покачената концентрација на водород и азот оксид во гасовита состојба, веројатно го осигуруваат изворот на хемиската енергија, која овозможува постоење на изолиран микроскопски екосистем. Плиновите настануваат од хемиските реакции од пресолената вода и карпите богати со железо.
И покрај ниските температури и отсуството на светлина и високата соленост, ваквата средина крие богат збир на различни бактерии кои можат да преживеаат без енергијата од Сонцето.
Претходните студии укажуваа на тоа дека во Езерото Вида, овие микробски екосистеми, речиси 3000 години биле изолирани од надворешни влијанија.
Но, постојат и други екстремни екосистеми без светла, во близина на хидротермални извори на дното на океанот.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1