Воз прегази жена кај скопско Миладиновци


Утрово околу три часот во близина кај скопското село Миладиновци товарен воз удри во жена чиј идентитет се уште не е познат. Возот сообраќал на релација Гевгелија – Табановци, а бил управуван од 45 годишниот Љ.Р.

Ударот бил многу силен па телото на непознатата жена излетало далеку од шините. Полицијата веднаш била известена, излегла на терен и го пронашла безживотното тело.

Во моментов полицијата се уште работи на расчистување на причините за несреќата и ги разгледува деталите како дошло до немилиот настан.

Телото на починатата жена по наредба на истражен судија дадено е на обдукција, а полицијата го утврдува идентитетот.

 

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1