Јапонски археолози во Луксор откопаа гробница на производител на пиво стара повеќе од 3.000 години, изјави денеска египетскиот министер за антиквитети Мохамад Ибрахим.
Тој рече дека гробницата е од периодот на владеењето на 19-та и 20-та династија на фараони и дека припаѓа на главниот „производител на пиво за боговите на починатите“, кој бил и шеф на складиштето.
Министерот додаде дека ѕидовите на гробницата содржат „неверојатни цртежи и бои што го отсликуваат секојдневниот живот“.