Станува збор за мистериозни премини и тајни комори. Засега не е познато каде тие премини водат и какви тајни се таму сокриени, а научниците ги откриле за време на специјалното, термално скенирање на египетските пирамиди.
„Импресивната“ разлика во топлината помеѓу блоковите е пронајдена во четири египетски пирамиди, вклучувајќи ја и познатата Кеопсова пирамида.
Меѓународниот тим кој работи на ова истражување е составен од експерти од Египет, Франција, Канада и Јапонија, а целиот проект започнал да се спроведува на 25-ти октомври, што значи дека првите „интересни“ резултати се добиени за само две седмици.
Во истражувањето се користат термални инфрацрвени зраци. Проектот ќе биде продолжен и идната година, а научниците истакна дека се надеваат дека ќе откријат „големи тајни“ кои што се наоѓаат во пирамидите.