Откриени мистериозни топлотни точки во египетските пирамиди


Меѓународен тим составен од архитекти и научници откриле „термални аномалии“ во пирамидите во Гиза.

Станува збор за мистериозни премини и тајни комори. Засега не е познато каде тие премини водат и какви тајни се таму сокриени, а научниците ги откриле за време на специјалното, термално скенирање на египетските пирамиди.egipet

„Импресивната“ разлика во топлината помеѓу блоковите е пронајдена во четири египетски пирамиди, вклучувајќи ја и познатата Кеопсова пирамида.

Меѓународниот тим кој работи на ова истражување е составен од експерти од Египет, Франција, Канада и Јапонија, а целиот проект започнал да се спроведува на 25-ти октомври, што значи дека првите „интересни“ резултати се добиени за само две седмици.

Во истражувањето се користат термални инфрацрвени зраци. Проектот ќе биде продолжен и идната година, а научниците истакна дека се надеваат дека ќе откријат „големи тајни“ кои што се наоѓаат во пирамидите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1