Внимателно: Ограничувањето не е 50, туку 40 километри на час!


Во борбата против загадувањето, во надеж за почист воздух, во градот Скопје и во уште неколку града во Македонија, започна да се употребува калциум магнезиум ацетат – биоразградливо и некорозивно средство кое што лесно се аплицира на улиците.

Всушност ова средство би требало да ја намалува загаденоста на воздухот на тој начин што честичките кога ќе паднат на коловозот (ПМ-10 и ПМ-2.5) практично се лепат и по повторното движење на возилата не се качуваат нагоре и со тоа не одат во воздухот. Средството не е штетно за растенијата и испушта мирис на оцет кој што исто така не е опасен по нашето здравје.

Tocka.com.mk

Tocka.com.mk

Но, ова средство се нанесува во специфични услови. Ако, на пример, влажноста е поголема од 90 отсто, истото не може да се применува бидејќи водата ќе го однесе во системот за канализација. Градските власти очекуваат дека со третирање на улиците на ваков начин загадувањето би можело да се намали за до 30 отсто.

Меѓутоа, средството во кое што сите ние во одредена мера ја побаравме надежта за почист воздух, и за кое што генерално од другите градови каде што се применува се слушаат позитивни искуства има една голема маана – прави улиците да бидат многу лизгави.

За оваа негативна страна на калциум магнезиум ацетатот градските власти уште веднаш ги предупредија возачите и поставија сообраќајни знаци со ограничување на брзината.

Градските власти апелираат до возачите да возат со брзина до максимални 40 km/h заради можна појава на лизгавост на коловозот на сообраќајниците каде што ќе се аплицира средството.

Акцијата за нанесување на калциум магнезиум ацетат зпочна од булеварот “Св. Климент Охридски” и улиците “Св. Кирил и Методиј” и “Јордан Мијалков”.

А примената на ова средство се чини дека започна да ги дава и првите позитивни резултати. Според последните резултати од мерните станици во скопските општини Лисиче и Центар концентрациите на ПМ-10 честичките се над дозволеното, но сепак пониски од претходните денови.

Инаку, ова средство веќе е во редовна употреба во повеќе европски градови од кои што вреди да ги издвоиме метрополите како Виена, Лондон и Барселона. Според нивното искуство, со аплицирање на калциум магнезиум ацетат се постигнува намалување на штетната прашина за 10 до 30 отсто.

Tocka.com.mk

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1