Откриени три нови вида инсекти во Македонија


Три нови досега непознати видови водени инсекти се пронајдени во националниот парк „Маврово“

Како што јавува порталот „Балкан риверс“, научниците ги откриле инсектите што спаѓаат во видовите drusus krpachi, potamophylax lemezes и siphonoperla korab во соработка со Волфрам Граф, доцент на виенскиот Универзитет за природни ресурси и природни науки.insekt

Засега инсектите не се целосно истрaжени, но научниците апелираат дека тие веќе се изложени на ризик од истребување, поради планот на македонската влада за изградба на 22 хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“.

– Хидроелектраните, одводот на вода и каптирањето што доаѓа со него, ги изложува овие чувствителни видови, кои живеат на овој локалитет, на ризик од исчезнување – вели Волфрам Граф

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1