Познатата пејачка и сестра на поп кралот Мајкл Џексон, Џенет Џексон ја откажа турнејата и им порача на фановите да се молат за неа.
Како што пренесуваат медиумите, Џенет изгледа боледува од тумор на гласните жици.
Пејачката на фановите им порача дека мора да оди на операција, но не сака да открие за што станува збор.
Никој уште не потврдил дека станува збор за оваа болест така засега само се нагаѓа што би можело да биде во прашање.
Сепак, изворот близок на Џенет вели дека пејачката мора да биде под постојан надзор лекар, а речиси сите странски медиуми пренесоа дека станува збор за тумор на гласните жици.