Мајката на девојчето познато под името Дафне лажела – и за односот на очувот со девојчето а и за нејзините години. Мексиканските власти потврдиле дека девојчето идентификувано како Дафне, кое се породило на 27 јануари и на свет донело здраво женско дете, не е деветгодишна.
„Дафне има 12 или 13 години, а таткото на нејзиното бебе не е нејзиниот дечко – тинејџер, туку нејзиниот очув“ – соопштува полицијата.
Случајот „Дафне“ ја разбранува мексиканската, а и светската јавност. Сите беа згрозени и загрижени од веста дека 9 годишно девојче роди дете, чиј татко е 17 момче кое побегнало од земјата.
Дафне, според зборовите на соседите, таа не одела на школо зошто морала да чисти и готви дома за сите, а очувот често ја тепал и на улица. Се зборуваше и дека тој спиел со девојчето во кревет.
ДНК-анализата потврдила дека токму нејзиниот очув е биолошки татко на бебето на Дафне.
Двете девојчиња, мајката и очувот, побегнале од домот и не се знае каде се наоѓаат. Претходно мексиканските весници објавија дека девојчето било стерилизирано во болницата по желба на семејството, но според официјалните податоци, детето не е трајно стерилизирано туку вградено и’ е помагало кое привремено ќе оневозможи таа да затрудни.