Пратка од 140.000 отровни пастелни боици произведени во Кина се запленети од страна на италијанската финансиска полиција.
Утврдено е дека има трипати поголемо количество од отровната материја ДЕХП, од дозволеното. ДЕХП го забавува физичкиот и менталниот развој на децата и може да ги општети внатрешните органи.
Италијанските власти соопштија дека боиците требало да се продаваат во околу 800 продавници и оти веќе биле рекламирани.
Увозникот на пастелните боици, кој има седиште во градот Реџо Емилија, ќе биде обвинет за продажба на здравствено небезбедни играчки.
Sitel