Отворен хотел „Мериот“- го градеа македонски фирми, ќе има 160 вработени


Македонија доби хотел со кој може да се гордее и со кој влегува во светската хотелска мапа. Хотелот „Скопје Мериот“ лоциран на плоштадот Македонија, од денеска е и официјално отворен за гости. Станува збор за инвестиција вредна 30 милиони евра, чија реализација траеше шест години. Моментно вработува 97 лица, а бројката се очекува да достигне вкупно 160.hotel meriot plostad

Хотелот, е комбинација на традиционална архитектура и модерен внатрешен дизајн. Покрај ултра модерните гостински соби, вкупно 164, различните апартмани, од оние за деца до најлуксузните, нуди и флексибилни и стилски простории за состаноци, посебни сали за настани, ресторан со дистрикт бар и кујна како спој на различните култури, спа центар, фитнес сала,…

Претставниците на ланецот „Мериот“ кои присуствуваа на презентацијата нагласија дека хотелот во Скопје е еден од најсовремените во светот и во него е инкорпориран најновиот дизајнерски концепт, почнувајќи од изгледот на собите до вкупните услуги. Сите технички аспекти се по американски стандард карактеристичен за „Мериот“, особено безбедноста и противпожарната заштита.

Првите гости веќе пристигнаа. Сите се странци од Германија, Холандија,…

Ланецот „Мериот“ моментно брои 500 хотели и ресорти во речиси 60 земји низ светот. Мотото на компанијата е обезбедување брилијантно патување за следните генерации преку трансформација за мобилните и глобални патници кои сакаат да ги спојат работата и забавата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1