Ова биле последните зборови на пилотот во исчезнатиот авион – извршил самоубиство?


Малезиската авио-контрола соопшти дека последните зборови кои се слушнале од пилотската кабина на Боингот-777 на компанијата Малезија ерлајнс биле “Во ред, добра ноќ”. Ова го изговорил пилотот откако преминал во виетнамскиот воздушен простор по што му се губи секаква трага на авионот. Експертите ја истражуваат можноста дека трагедијата се случила поради небрежност на пилотот или пак самоубиство.

pilot33Директорот на ЦИА, Џон Бренан открил дека властите ја истражуваат можноста за самоубиство. Поради ова и првите луѓе на оваа организација заедно со малезиската полиција прават психолошки профили на сите патници и вработени кои биле во авионот.

-Не ја исклучуваме ниедна теорија, додал директорот на ЦИА, при тоа истакнувајќи дека самоубиство е можна теорија и единствена која би дала одговор на прашањето Зошто авионот исчезнал од радарот? Според Џон Бренан, пилотот веројатно го исклучил транспондерот кој ги следи движењата на авионот. Не се исклучува и можноста да причината за трагедијата е небрижност на пилотот, кој и порано го кршел протоколот и ја загрозувал безбедноста.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1