Вејд Мајкл Пејџ е човекот кој е осомничен за нападот во храмот на Сиките во Oak Creek.
Началникот на полицијата Џон Едвардс, изјави на прес-конференција дека Пејџ бил војник, служел од 1992-1998, по што бил распуштен и оценет како неподобен за враќање во армијата. Според една граѓанска организација Пејџ бил кај нив регистриран како “фрустриран неонацист”
Нападот се случи во неделата околу 10.30 часот во храмот во Висконсин. Уби шестмина, а повреди тројца, кои се наоѓаат во критична состојба, пред полицијата да го убие. Храмот во Оак Kрик во Милвоки имал околу 400 верници
Пукал со полуавтоматски пиштол од 9 мм.