Ова е човекот кој прифати да умре со своите деца


Сакајте го своето дете какво и да е – неталентирано, несреќно, и кога ќе порасне. Радувајте му се во секое обраќање, затоа што детето е празник се додека е со тебе – е еден од советите на познатиот полски педагог, Јануш Корчак. Дознајте ги и другите.

Јануш Корчак е познат полски педагог, писател, лекар и социјален работник, кој три пати одби да си го спаси својот живот.janush-korchak-540x320

Првпат тоа се случило кога Јануш одлучил да не емигрира во Палестина пред окупацијата на Полска, со цел Домот за деца без родители да не го остави на волјата на судбината во пресрет на ужасните настани.

Вторпат e кога одбил да избега од варшавското гето. Третпат се случило следново: Кога сите жители на Домот за деца без родители биле веќе во возот подготвени да тргнат во логор, на Корчак му се приближил на еден СС офицер и го прашал:

– Дали вие го напишавте „Кралот Матијуш“? Ја читав таа книга во детството. Не е лоша книга. Слободни сте.

– А децата?

– Децата не се. Но вие можете да го напуштите вагонот.

– Грешите. Не можам. Не се сите луѓе гадови.

После овие зборови за Јануш Корчак повеќе не мора ништо да се каже. Ни останува само да се потсетиме на неговите десет принципи на воспитување:

1. Не очекувај детето да биде како ти или како што ти би сакал тоа да биде. Помогни му да не стане како ти, туку онакво какво што треба да биде.

2. Не барај од детето надомест за се што си му дал. Му даде живот, како тоа може да се врати? Тоа ќе даде живот на некој друг, тој друг ќе даде на трет – тоа е неповратен закон на благодарност.

3. Не ја исфрлај лутината врз детето, со цел во староста да не биде горко парче леб. Затоа што, што ќе посееш тоа и ќе пожнееш.

4. Не гледај на неговите проблеми како да се небитни. Животот на секој му е даден според неговата сила и затоа верувај дека на него не му е полесно отколку на тебе, а можеби му е и потешко затоа што тоа нема искуство.

5. Не го понижувај.

6. Не заборавај дека најважни средби на еден човек се неговите средби со децата. Обрнувај повеќе внимание на нив, никогаш не знаеме кого тоа сме го сретнале во детето.

7. Не мачи се себе си и ако нешто не можеш да направиш за своето дете, само сети се: за детето не е направено доволно само ако не е направено се што се може да се направи.

8. Детето не е тиранин кој го презема твојот живот, не е ни само плод од крв и тело. Тоа е скапоцен пехар кој животот ти го доверил да го чуваш и во него да го одржуваш креативниот оган.

9. Биди во состојба да сакаш туѓо дете. Никогаш на туѓо дете не му го прави она што не би сакал да му го направат на твоето.

10. Сакај го своето дете какво и да е – неталентирано, несреќно и кога ќе порасне. Радувај му се во секое обраќање, затоа што детето е празник се додека е со тебе.

A1On.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1