Пешак усмртен во Стар Дојран


Сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице се случила вчера околу 14 часот во близина на населба Карач во Стар Дојран.policija soobrakjajna

Автомобил „Опел Корса“ со светиниколски регистерски ознаки, управуван од Д.С. (25) удрил во пешакот Ристо Б.(77) од Гевгелија. Од незгодата истиот се здобил со повреди и бил пренесен во ЈЗУ-Гевгелија, а потоа и во ГОБ „8-ми Септември“ каде им подлегнал на повредите.

Од страна на ПС Гевгелија излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1