Ова е девојката која се уби со дечкото во Грција за Нова година: Семејството се сомнева дека била во секта


Еден пар пронајден е мртов на грчки остров во новогодишната ноќ. Полицијата верува дека ти се жртвувале за време на сатанистички ритуал, пренесува Мирор.

Телата на Лилијана Ботушева (23) и нејзиниот дечко (30) кој е по потекло од Германија, пронајдени се на островот Кефалонија на 2. јануари.

Ги пронашол сопственикот на куќата која ја изнајмиле на 26. декември. Телата им биле прекриени со крв, ножеви и свеќи. И момчето и девојката претрпеле смртоносни повреди со нож.

Семејството на Лилијана пријавило нејзино исчезнување во јули минатата година, а кога била пронајдена мртва носела пентаграм околу вратот.

Полицијата заклучила дека таа прва извршила самоубиство. Нејзиниот дечко по нејзе отишол во тоалетот и се прободел со нож во срце.

Смрта настапила 24 часа пред полната Месечина на првиот ден од Новата година. Оваа појава се нарекува Волчји Месец.

Семејството на Лилијана и нејзините пријатели очајно ја барале минатите неколку месеци.

Се сомневаат дека се приклучила во секта, а полицијата кажала дека таа имала неколку лузни, што покажува на самоповредување.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1