Ова е херојот од скопската Обиколница (Фото)


„Почитувани ФБ-пријатели, благодарение на вашите споделувања дојдов до нашиот херој од вчера. Се вика Веле Богатиновски. До пред две години живеел во Tетовско, а последниве две години во Швајцарија. Му се јавив на телефон. Ми ја раскажа својата животна приказна која ќе ја задржам за себе. Единствено нешто што можам да кажам за него (а што го дознав од телефонскиот разговор) е дека се работи за благороден човек, кој своето постоење го сфаќа како мисија за помош и за доброто на секој човек, независно од вера, пол и политичко убедување. Не сака никаков публицитет што е уште една потврда за НЕГОВАТА ГОЛЕМИНА! Нека го следат само добрини во неговата мисија! На сите вас, уште еднаш многу ви благодарам!”- напиша д-р Елка Јачева- Улчар на Фејсбук.Screenshot_7

Го најдов човекот. Тој е од село Вратница, но не сака никаков публицитет, не сака да се експонира. Ќе го објавам неговото име на „фејсбук” и сакам јавно да му се заблагодарам за се она што го стори за сите нас, што помогна на патниците кои сакаа да патуваат кон обиколницата – изјави претходно за Република д-р Јачева – Улчар, научен соработник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”

Многу луѓе кои синоќа патувале и сакале да влезат во Скопје, сведочат дека на влезот во Скопје, пред обиколницата биле запирани од млад непознат човек кој ги препупредувал на лошата и опасна ситуација на обиколницата. Тие својот пат кон домовите го пренасочувале по други пристапни патишта, со што практично си ги спасиле и животите.Screenshot_11

– Човекот беше многу хуман, едноставно реагираше човечки и им помагаше на луѓето. Вакви луѓе ја враќаат вербата во човештвото. Ние се враќавме од летување и нам патот не не водеше преку обиколницата. Од роднините и пријателите веќе бевме информирани дека има невреме во Скопје, но кога го преминавме граничниот премин Табановце, немаше трага од дожд. Се гледаа само молњи во далечината, личеше како да се во Албанија, а не тука близу, во Скопје – објаснува Јачева – Улчар.

Таа е благодарна што уште постојат хумани луѓе кои во секој момент би помогнале на непознати, посебно во вакви тешки ситуации.Elka-FB-pronajden-herojot

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1