Видео: Не користете телефон, не се туширајте – Што не смее да се прави додека е невреме


Видео: Што не смее да се прави додека е невреме

Ако сте на отворено, никако не легнувајте на земја. Подобро е да клекнете со главата меѓу колената, во оваа позиција избегнувајте косата да допира до земја.

– Никако не користете телефон, без разлика дали е фиксен или мобилен. Мобилниот задолжително исклучете го, особено ако не сте во затворена просторија. Сетете се дека и фиксниот телефон користи електрична енергија.grom nevreme 3

– Никако не застанувајте под дрво, особено не под осамено!

– Ако сте дома и гледате дека се подготвува невреме, затворете ги вратите и прозорците, исклучете ги електричните апарати

– Не се туширајте, избегнувајте било каков извор на вода.

– Ако сте во автомобил, затворете ги прозорците и никако не излегувајте, почекајте да заврши бурата

– Со рацете покријте ги ушите, за да ги заштитите ушните тапанчиња

– Никако немојте да поправате оштетени делови од куќата

– Заштитете се од уличните поплави

– Избегнувајте да користите метални предмети

– Доколку сте на риболов, веднаш оставете ја јадицата, и што побрзо излезете од чамецот.

– Избегнувајте оштетени столбови, бандери, далеководи, трафостаници и други објекти кој служат за пренос на електрична енергија. Никако не допирајте кабли или било какви метални или бакарни жици кои се оштетени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1