Мирисот на кој мажите не можат да му одолеат не е некој прескап парфем кој се продава на пазарот, туку нешто потполно неочекувано. Во истражувањето за тоа кој женски парфем на мажите им е најпривлечен, научниците од Центарот за истражување на мирис и вкус во Вест Палм Бич дошле до многу интересни резултати.
Заклучиле дека тоа бил мирисот на пита од тиква! Аромата на тиква е поделотворна од секоја вештачка мирисна нота. Едноставно, на припадниците од посилниот пол, сладок, зачинет и интензивен мирис им делува како најскапиот афродизијак подигнувајќи го нивото на тестостерон до небо.
Ако сакате комплетно да го доведете до лудило, покрај тоа што ќе го дочека мирис на пита од тиква од рерната, низ куќата распоредете кесички со лаванда. Докажано е дека припадниците на посилниот пол тогаш потполно губат контрола.
Оваа комбинација на мирис ќе му го забрза протокот на крвта за 40%. Исто така, слично дејство имаат и аромите на ванила и јадога.
Состојки:
За кората:
400 г мелен плазма-кекс
50 г шеќер во прав
100 г путер, стопен
За филот:
1 ќесе пудинг од ванила, сварен според упатството
250 мл шлаг
цимет морско оревче мелено каранфилче – за наросување – прстофат
2 лажици виски (по желба)
300 грама испасирана варена или печена тиква
2 лажици кафеав шеќер
Загрејте ја рерната на 150 степени.
Во мелениот плазма-кекс додајте ги шеќерот во прав и стопениот путер и мешајте додека смесата да се соедини. Ставете ја во калап за торта и со помош на чаша со рамно дно притискајте ја на дното и на страните на калапот за еднакво да се распореди. Печете ја 8 до 10 минути. Оставете ја целосно да се олади.
Во тенџере со средна големина сварете го пудингот и додајте го шлагот. Додајте ги и зачините и со постојано мешање варете додека смесата да почне да пушта меури. Отстранете ја од оган и додајте го вискито (по желба). Додајте ја тиквата и мешајте за да се соедини. Оставете да се олади. Кога смесата ќе се подолади, ставете ја во фрижидер за целосно да се олади.
Кога смесата целосно ќе се олади, во друг измешајте ги другите 250 мл шлаг и кафеавиот шеќер. Матете додека смесата да стане светла, цврста и пуфнеста. Додајте ѝ ја смесата со тиквата и мешајте додека да се изедначи.
Истурете ја споената смеса врз оладената кора.
Покријте ја и оставете ја во фрижидер неколку часа или преку ноќ.