Почина актерот Мики Руни


Познат по бројни филмски остварувања, актерот кој засекогаш остави свој белег во филмската индустрија, почина на возраст од 93 години.

Obit-MickeyМики Руни, американскиот актер најпознат по улогата на тинејџерот Енди Харди во низа филмови, почина вчера во својот дом во северен Холивуд.

Според пишувањата на странските медиуми, тој некое време бил болен, но не е соопштена официјалната причина за неговата смрт.

Во осумдесетгодишната кариера четири пати беше номиниран за Оскар, а освои две специјални награди, вклучувајќи ја и онаа за животно дело во 1983 година.

Се женеше осум пати, а една од неговите сопруги беше и холивудската убавица Ава Гарднер. Има девет деца, 19 внуци и неколку правнуци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1