Дали сте слушнале за семејството Ротсчајлд? Тие се потомци на Мејер А. Ротсчајлд, сè уште ги има и се верува дека вредат повеќе од трилион долари. Со тоа, тие го имаат најголемото приватно богатство во историјата на светот. Кои се овие луѓе?
Мејер Амсчел Ротсчајлд бил роден во 1744 година во еврејско гето во Франкфурт, Германија. Кога неговиот татко починал, тој, сè уште млад, го преземал семејниот бизнис со менувачници. Тој станал експерт за пари. Бил и колекционер на ретки монети.
Принцот на Хесе (територија во Германија) бил, исто така, колекционер на ретки монети. Откако слушнал за колекцијата на Мејер, му пристапил и направил повеќе спогодби. Овие спогодби биле толку добри што кога принцот започнал да владее со поголема територија го најмил Мејер да биде „Хофактор“ на неговото богатство. Во превод, хофактор значи „кралски Евреин“. Тогаш, позицијата била моќна и добро платена. Така започнал финансискиот напредок на Мејер.
За време на Француската револуција, тој бил одговорен за сите финансии во војната. До 1800 година, тој бил еден од десетте најбогати луѓе во Франкфурт. Тој имал пет синови, кои работеле со татко си. Мејер ги сместил стратешки ширум Европа за да го зголемуваат семејното богатство. Вака тие успеале да го задржат богатството секогаш кога останатите го губеле поради државна криза.
Во 1812 година, Мејер Ротсчајлд починал, но не пред да се погрижи за иднината и браковите на своите синови, кои честопати биле венчани со роднини за богатството да биде задржано во семејството. Нејтан Ротсчајлд бил најуспешен од сите синови. Но, многумина би рекле и најнечесен од сите браќа. Но, чесно или нечесно, тој станал уште побогат со времето. Низ 19-от век, богатството на семејството продолжило да расте. Нејтан имал седум деца, меѓу кои четири синови. Неговиот син Лајонел станал првиот Евреин кој бил член на британскиот парламент.
Во влезот во 20-от век, семејството продолжило да биде едно од најбогатото и највлијателно помеѓу банкарите ширум светот. Еден од потомците започнал да дава заеми на земји од Европа и САД. Освен банкарството, семејството е познато и во колекционерството на уметност и вино. Тие станале сопственици на многу имоти.
Денес, семејството сè уште постои и членовите се неверојатно богати, иако во последно време не се појавуваат толку во медиумите како порано. Исто така, тие не се фокусираат најмногу на банкарството, ами во виното, филантропијата, недвижнини и социјален активизам, задржувајќи го семејното мото: „Обединетост, Интегритет, Претприемништво“.
Факултети.мк