Имал секс во пустина – едвај го спасиле


Британски пар одлучил да проба секс среде пустина во Невада, што на крајот ги чинело 250.000 долари.

Питер Казинс и Дон Рид, кои биле на пат околу светот одлучиле да имаат секс во напуштена пустина, речиси 100 километри од најблискиот телефонски сигнал – а тоа се испоставило како лоша идеја.pustina-nude

Имено, Казинс (55) имал срцев удар додека Рид трчала четири километри за да повика помош.

Казинс е пренесен во болница, каде му е вграден стент во срцето, пишува британски Телеграф.

По пет дена поминати во болница, добиле сметка од 250.000 долари.

„Тоа беше убедливо најскапиот секс“, рекол Питер Казинс за Дејли Мејл.

„Никогаш нема да заборавам дека должам толку пари“, со оглед на тоа дека не уплатило осигурувањето, но тој заклучува: „Вредеше за секс“.

Сметката не била единствена лоша страна, имено Казинс морал да се врати во Британија поради дополнително лечење, додека Рид останала во Америка да работи.

Тие заедно работеле како кувари на ранч, а на крај раскинале.

„Искрено се надевам дека ќе успеам да го исплатам овој долг, од кој ми зависи иднината“, додал Питер.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1