Зошто Сноуден не користи ајфон ниту смартфон?


Едвард Сноуден е најпознатиот шпион на светот, кој јавно ги обелодени размерите на прислушување и масовниот програм на надзор зад кој стои американската Агенција за национална безбедност (НСА). Благодарение на него, светот дозна дека американските известувачки  служби ги користат интернетот и мобилните телефони повеќе од една деценија за да ги прислушуваат луѓето.snouden

Сноуден денес користи „едноставен мобилен телефон“ и ги избегнува уредите на Епел кои можат тајно да се користат за прислушување, појаснува Анатолиј Кучерна, адвокатот на поранешниот НСА известувач. Тоја за РИА Новости изјавил дека одлуката на Сноуден да не користи со таквата технологија била донесена и од лични и од професионални причини.

– Едвард никогаш не користи ајфон, тој има едноставен телефон… Ајфон има посебен софтвер кој може да се активира без потреба сопственикот да ја допре тастатурата и може да собира податоци на него, а тоа е и причината поради која тој одбива да го користи овој мобилен телефон токму од безбедносни причини“, кажа Кучерна.

Наспроти тврдењата на Епл дека има нова технологија која не може да биде загрозена од страна на полицијата, Сноуден покажа дека НСА може да ги компромитира нашите апарати, дури и кога се тие исклучени.

Последното откритие на Сноуден покажа дека британската безбедносна агенција  GCHQ  собира илјадници меилови од новинарите кои работат за најголемите медиумски компании на светот, како што се БиБиСи, Гардијан, Њујорк тајмс, Вашингтон пост и други.

Извор: Вистина.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1