Ова е професионалниот војник кој уби три лица во Злетово


Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ потврдија дека Драган Манаилов кој го изврши тројното убиство во Злетово , а потоа се самоуби бил професионален војник на АРМ.dragan

 

Во соопштението од МО се напоменува дека согласно Правилото за обезбедување објекти, материјални средства и луѓе во АРМ и неговата примена во однос на подготовката на припадниците на АРМ пред извршување на должноста, кај професионалниот војник од страна на лекар е утврдена добра здравствена и психофизичка состојба.

Во досегашниот период, од претпоставените старешини и во системот на командување и контрола во АРМ, не е регистринано кршење на воената дисциплина, ниту непочитување на правилата и прописите од страна на осомничениот професионален војник.

Сепак, против четириесетгодишниот Драган Манаилов биле поднесени две кривични пријави за сторени кривични дела телесна повреда и тешка телесна повреда сторени во семејството,за што тој бил и осуден на затворска казна. Казната му била изречена пред една недела.Поради нарушени семејни односи, Манаилов и неговата сопруга се разведувале.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1