Црквата во Чешка е изградена на рид на кој се наоѓаат гробишта, слично како и многу цркви во Рим и во Полска. Ном, нејзината внатрешност е преполна со страотни „украси“.
Римокатоличката црква која се наоѓа во Чешка е позната и под името „Гробиште на сите светци“ бидејќи нејзината внатрешност ја „украсуваат“ помеѓу 40.000 и 70.000 черепи и коски.
Црквата е изградена во 14-тиот век кога многу луѓе починале од чумата така што на врв од гробиштата во кои тие биле погребани е подигната црквата во која подоцна биле преместени нивните остатоци.
Ова необично здание сега е еден од најпопуларните туристички локалитети во Чешка